“Big Blue” во четврток зачекори во 10 деценија. Официјално IBM постои од 1911 година, но компанијата работи многу порано но тогаш под друго име. Првично се викала C-T-R (Computing-Tabulating-Recording) и имала 1300 вработени кои произведувале комерцијални ваги, машини за сечење месо и др.
Името IBM го добиле во 1924 година, кога компанијата одлучила да се занимава со малку по озбилни работи, и го добила името (International Business Machines).
Компанијата тогаш започнала со изработка на мерачи работно на време, процесори, транзистори, оперативни системи идр.
Нема многу технички компании кои можат да се пофалат со 100 годишна историја, Google, Facebook, Microsoft и Apple се мали бебиња во споредба со IBM.
IBM се уште е во чекор со времето и технологијата и успешно се движи напред во создавање на нови технолошки производи и решенија.