Франција: Ризик од масовни самоубиства на 21 декември 2012 година

18 јуни, 20110
doomsday 2012
Во соопштение на специјалните служби, француската влада предупредила дека во земјата е присутен ризик од масовни самоубиства на луѓе кои веруваат дека на 21 декември наредната година навистина ќе се случи крај на светот.
Неодамнешната катастрофа вклучувајќи го земјотресот во Јапонија како и вознемиреноста заради епидемии и економската криза, предизвикуваат глобална атмосфера на страв, при што некои во тоа гледаат најава за судниот ден.
Верувањето во пророштвото на Маите по кое времето на светот истекува наредната година изгледа дека најмногу е прифатено во Франција, а во извештаите на една владина служба за контрола на култовите вчера објавила дека повеќе области треба да се држат на око бидејќи апокалиптичните размислувања и атмосфера може многу лесно да влијаат на психички нестабилни луѓе.
Француската служба за контрола на сомнителни спиритуални активности била основана во 2002 година заради спречување на активности на секти, откако пред една година во земјата бил донесен закон со кој се прогласува за незаконска употребата на техника на притисок заради искористување луѓе кои се подложни на истиот, што значи дека сектите може да бидат ставен надвор од законот доколку се докаже дека се занимаваат со злоупотреба на луѓе или измама.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi