Еди Марфи е комплетно трезен скоро 18 години, и изјавил дека за тој период не се напил ниту капка алкохол. Последен пат во алкохолот уживал кога бил на меден месец со поранешната сопруга Никол Мичел, а потоа одлучил да биде трезен, бидејќи од алкохолот му било многу лошо.
“Последен пат се напив алкохол на медениот месец со Никол, и тоа само три чаши шампањ. Тоа ми беше втор пат во живот, и последен. Мислев дека ќе ми биде добро, бидејќи се напив само три чаши, но се чувствував пријатно само 5 минути, а потоа ми се слоши “, изјавил Еди кој ќе биде водител на престојните Оскари. Еди изјавил дека е многу љубоморен кога ќе го види пивнати луѓе како се забавуваат, но знае дека не може да им се придружи. “Не пијам бидејќи потоа се чувствувам многу лошо, изјавил актерот.