Еди Марфи сепак нема да биде водител на доделувањето на оскарите. Иако се било веќе договорено и објавено во медиумите, планот на крај се изјаловил. Односно, продуцентот Брет Ратнер добил отказ од проектот Оскари, а Еди изјавил дека ја разбира одлуката на челните луѓе за промена на продуцентите кои работат на проектот. “Навистина се радував на овој проект, кој нашиот тим од продуценти веќе почна да го реализира, но сигурен сум дека и друга продуциска куќа ќе заврши одлична работа”, коментираше Марфи. Глумецот се повлече од проектот зашто со Брет Ратнер го поврзува и пријателство , покрај одличната соработка на деловен план.