Една плавуша и штета од 45.000 евра

29 јули, 20110
plavushakola

Плавуша во Бентли пред едно казино во Монте Карло предизвикала сообраќајна несреќа во која учествуваа возила со вредност од 780.000 евра.

Русокосата жена возач, покрај својот луксузен автомобил оштетила и едно Ферари, Мерцедес, Порше и Астон Мартин, а се проценува дека вкупната штета била 45.500 евра.

Таа со својот 285.000 евра вреден автомобил го удрила автомобилот Мерцедес Ц класа (85.000 евра), потоа во црно Ферари (163.000 евра), а на крај во Атон Мартин (171.000 евра) и Порше 911 (91.000 евра).

Бентлито застанало, а жената која возела и нејзините две сопатнички беа многу брзо опколени од љубопитните туристи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *