Едномесечно бебе на платен список во Нигерија :)

12 ноември, 20110
nigeria-childbirth

Едно новороденче во Нигерија веќе три години се наоѓа на владин платен список и добива плата од 150 долари месечно.

Обвинител на нигериската држава Зимфара, Гарба Гаџа во изјавата за АП  вели дека детето е еден од многубројните работници кои постојат само на хартија, т.е. добиваат плата за фиктивна работа.

“Вработеното“ бебе е старо само еден месец, но нејзиниот татко започнал да го подига нејзиниот прихот уште пред раѓањето.

Гаџа објаснува дека државата се обидува да го запре овој тренд во кој државните службеници даваат фиктивни вработувања на членовите од семејството за да ги зголемат своите приходи.

Корупцијата во Нигерија се шири во сите сфери на животот, од највисоките кругови во политиката до сообраќајните полицајци кои редовно бараат мито од возачите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi