Еdo Competition Hellboy

31 октомври, 20110
0

Како што истакнуваат од маркетинг агенцијата Edo Competition,овој автомобил доаѓа право од пеколот. Edo го модифицираа моделот Porsche Panamera S и го нарекоа Hellboy. Модификациите однесуваат на надворешноста на автомобилот, но доста е направено и под хаубата.

Каросеријата на автомобилот доби карбонски “bodykit”, вклучувајки и нов преден браник,  дифузор во задниот модификуван браник и додатни спојлери. Зелените шари додаваат одредена мистичност на изгледот.

Што се однесува до техниката, променот е издувниот систем и репрограмирана е централната електронска единица на моторот(ECU). Како разултат на тоа моќноста е зголемена од 400KS на 465KS. Од нула до сто , Edo Competition Hellboy развива за само 4,6 секунди и постигнува максимална брзина од 305 km/h. Edo нуди и висок степен на индивидуализација на внатрешноста, што се однесува на изборот на кожа, спортски волан итн.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *