Малдиви

popara25 јули, 20111min00
Maldives-001

Малдиви го сочинуваат повеќе од илјада корални острови. Од вкупниот број на острови, околу 200 се населени, а од тиа 75 се отворени за туристи. Постои само еден голем град на Малдивите, главниот град Мејл, кој е сместен на истоимениот остров.  Изградбата на хотели е под строга контрола, како и бојот на туристи, за да не се наруши природниот амбиент на овој рај на земјата.

Слетувањето на аеродромот во овој град претставува незаборавно искуство. Кога се гледа од воздухот, Малдиви изгледа како ремек дело на врвните уметници.

Кујната на Малдиви е под силно индиско влијание, а основна намирница на оваа островска република е рибата. Хотелската кујна е адаптирана на вкусовите на сите гости.

Поради недостатокот на разни зеленчуци кои се одгледуваат локално, поголемиот дел мора да се увезуваат од Индија  и Шри Ланка, што подразбира дека сите јадење, освен рибата, се поскапи. Од друга страна, деликатесите, како што се јастог и крап, се значително поефтини за разлика од Европа.

Типичен оброк на Малдивите се нарекува “garudija”, а го сочинуваат разновидни парчиња риба помешани со лимон и варено во солена вода со лук. Исушена риба, “hiki mas”, исто така се вбројува во специјалитетите.

Големите хотелски комплекси нудат широк спектар на спотрови во кои може да уживате, покрај високите тропски температури кои преовладуваат на тука. Покрај едрење, сурфање, скијање на вода и риболов, подводниот свет го прави овој остров атрактивна дестинација.

Поголемиот дел од населението се сунитски муслимани, а во нивната култура отворените забави се непознати. Затоа, ноќниот живот е ограничен само на гостопримството на островот, а локалното население е строго одделено. Поголемите хотели во туристичките острови во нивната понуда имаат и ноќни клубови, барови и дискотеки, концерти во живо и караоке изведби.

Локалните жители и туристите се почитуваат едни со други. Освен продавачите на сувенири, речиси и да нема никаков контакт со арапската култура на оваа островска држава, која датира речиси илјада години.

Првите доселеници на Малдиви се индијанците, а во 1153 година, арапските трговци воспоставиле султанство и го воспоставиле исламот како сеопфатна државна религија, која продолжува до ден денес. Краткорочно Малдивите биле под португалска окупација во 16 век, а земјата била и британски протекторат во 19 век. Неколку урнатини на будистичките храмови сведочат за доселеници во периодот пред-12 век.

Иако сунитските муслимани на островската република, не ја разбира желбата на туристите за забава, јасно им е колку е важен туризамот за нивниот осторв. Исламски верски обреди мора да се почитуваат, па затоа туристите не треба да носат провидна облека, кратки панталони и маици без ракави, надвор од хотелските центри.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma