ЕХЕЦ станува агресивна, заболените заради силни грчеви мора да се врзуваат

3 јуни, 20110
ehec
Од мутантот на бактеријата ешерихија коли досега биле заразени околу 2000 лица, а изворот на зараза се’уште не е познат. Германските лекари велат дека симптомите се се’ полоши и дека заразените имаат силни грчеви заради кои мора да ги врзуваат, пишува “Дневник“, пренесува НетПрес.
Бројот на заразени расте од час во час. Лекарите сведочат за силните болки кои ги имаат болните, истакнувајќи дека ЕХЕЦ станува премногу агресивна. Досега е регистриран број од 2000 заразени, што според Светската здравствена организација е невообичаено. Од новиот вид на бактерија досега починале 18 лица. Научниците се збунети, бидејќи не може да го утврдат изворот на заразата. Од шпанските краставици е отстранет сомнежот дека тие се извор на зараза, што ги збунило научниците.
Заради ЕХЕЦ во Германија биле затворени и неколку училишта бидејќи биле заразени десетина ученици. Вонредната состојба е прогласена во болниците, а градоначалникот на Хамбург ги повикал луѓето да даваат крв. Медицинската сестра Ана Винтер (52) рекла дека целата ситуација  потсетува на хорор филм.
“Новите компликации кај пациентите се појавија, не можеме да им го спречиме страдањето. Тоа ќе не’ скрши“, вели лекарката Тања Кухбачер која истакнува дека навечер не може да заспие поради честите интервенции. Заразените пациенти, според описот на искусни лекари, имаат чести грчеви во мускулите. Понекогаш заради неиздржливи болки испуштале чудни звуци. Кај некои, грчевите биле толку интензивни што морале да ги врзуваат пациентите.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber