По разочарувањето на публиката во Белград, Ејми ги откажа следните концерти кои беа предвидени во дванаесет дневната турнеја низ Европа. Извисија Истанбул и Атина.
По лошиот почеток во Белград, решила да ги откаже следните концерти. Таа не се чувствува спремна за наредните концерти и реши да оди дома, изјавиле нејзините гласноговорници.
Организаторите сега за сега немаат информација кога ќе се одржат концертите во Атина и Истанбул.