Ејми Вајнхаус сакала да посвои девојче

popara31 јули, 20111min00
Amy-Winehouse

Британската пејачка Ејми Вајнхаус покренала постапка за посвојување на десетгодишно девојче од Св. Луција. Пејачката девојчето Даник Августин го запознала во 2009 година. Девојчето и нејзината мајка живееле во неверојатна сиромаштија.

Sunday Mirror објавил дека пејачката многу често одела на одмор на островот и дека често го земала девојчето под своја закрила.

“Ејми речиси ми беше мајка, така и ја викав, а таа мене ќерка. Се грижеше за мене и се забавуваме заедно. Јас ја сакав, а и таа мене. Таа беше неверојатна личност. Се радував што ќе дојдам да живеам со неа во Лондон. Неможам да поверувам дека повеќе ја нема“, изјавило девојчето.

Ламберт, бабата на девојчето изјавила дека Ејми многу ја сакала нејзината внука и дека многу време поминувале заедно.

“Ејми ме молеше да ја посови Даник и да ја однесе во Англија. Да не умреше, досега сигурно ќе беше завршен процесот на усвојување“, додала бабата.

Наводно, мајката на девојчето се согласила да ја даде ќерката на посвојување, бидејќи била невработена и немала можности да ја одгледа. Таткото на детето, кој живее во Германија, исто така дал согласност.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma