Експлозии во продавници на “Икеа“ во Белгија, Холандија и во Франција

31 мај, 20110
Ikea_almhult
Експлозии во три продавници на светскиот синџир “Икеа“, истовремено се случиле во Белгија, Холандија и во Франција. Во инцидентите повредени се двајца вработени, кои добиле оштетувања на слухот.
Првата експлозија се случила во белгискиот град Гент, а втората во Ајндховен, Холандија. Нешто подоцна имало детонација во близина на Лил, Франција. Според истражните органи во Гент, експлозиите на сите три места биле слични. Првиот инцидент се случил вчера во околу 18 часот, вториот околу час и половина подоцна, додека експлозијата во Лил била во околу 23 часот.
Во сите продавници, купувачите биле веднаш евакуирани, а утврдено било дека експлозивните направи биле детонирани со далечински управувач. Бомбите биле вметнати во палети за пренесување на мебел.
Истражните органи во Белгија, Холандија и во Франција координирано и засилено работат на утврдување на работите околу инцидентите, за кои се претпоставува дека се терористички напади.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *