Женски оргазам, како да го постигнете а не да го одглумите

popara31 мај, 20111min00
orgazam1

Постојат повеќе причини зашто жената не може да постигне оргазам. Доколку го лоцира проблемот, ќе може полесно да го реши. Но, затоа треба да биде искрена кон себе. Кога ќе знае каде е проблемот ќе може да работи на тоа да го елиминира. Како најчести причини за неуспех, т.е не постигнување на оргазам се сметаат.

1.  Кога не постојат емоции. Кога жената нема емоции за партнерот со кого има секс потешко постигнува оргазам. Емоциите страст и сензуалност, во долгата врска прераснуваат во нешто друго и  жената во тој случај потешко го постигнува оргазмот. Но, не само емоциите, како причина може да се наведат и стресот, кавгите и другите проблеми во врската. Пробајте да разговарате и обидете се повторно, овој пат опуштени.

2.  “Ајде добро ќе имаме секс”. Кога жената се сложува да има секс само затоа што партнерот го сака тоа, а подобро е да се сложи отколку да објаснува зашто не сака, огромна е веројатноста да не постигне оргазам.

3.  Кога жените се во лошо расположение. Без разлика дали сте загреани и сакате да имате секс, лошото расположение може да влијае на тоа да не може да постигнете оргазам. Колку и да се трудите нема да ви успее.

4.  Само за да му потврдат на партнерот дека е добар и да престане да се труди. Многу жени го одглумуваат оргазмот затоа што нивниот партнер упорно се труди, а тие не можат да го постигнат врвот. За да не го разочараат и да не му го повредат егото, тие глумат оргазам и тука се ќе заврши.

 

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma