Електрична маица на која можете да свирите тапани

popara21 декември, 20111min00
Електрична маица на која можете да свирите тапани

Тинејџерите често користат пароли на маиците за да би го искажале својот бунт или отпор кон нешто, или за да ги иритираат постарите генерации, меѓутоа оваа маица со вградени електрични тапани е нешто сосема ново.

Маицата му овозможува на оној кој што ја носи да креира loop. На тој начин маицата се претвора во ритам машина. Ритам машината е електронски инструмент кој служи за создавање на звуковите на тапанот, а програмирана е за повторување на ритамот за музичирите кои свират да останат „во темпо”.

Доволно е со прстите да тапката по „јастучињата” на маицата со што ќе ослободи звук преку малите звучници со помош на минијатурното појачало кои ги добивате со купувањето на маицата.

Секој од седумте такви „јастучиња” кои реагираат на допир може да произведат девет различни звукови. Доколку ја носите оваа мајца можете да снимите звук на тапани во траење од најмногу три минути – било да станува збор за звукови на тапани од диско музика, рок, техно или класичен џез.

Кога еднаш ќе креирате таканаречен „drum loop” ќе можете на тој звук да додавате нови звукови за добиете уште посложен звук, но не е баш добра идеја да се обидувате тоа да го правите додека се возите во јавен превоз.

httpv://www.youtube.com/watch?v=wnXq2HDkFc0

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag