Електронска иновација од gScreen! Лап топ со два екрана!

1 септември, 20110
Elektronska inovacija 01

Како што гласи и старата издржана изрека „Две глави подобро размислуваат од една“, истото би можело да важи и за два екрани на лап топ компјутерот.

Вработените на gScreen го претставиа својот нов производ, лап топот SpaceBook17, за кој веќе почнаа да стигаат и забелешки. Овде станува збор за двата вградени екрана со дијагонали од 17 инчи кои прикажуваат полна HD (high definition) резолуција.

Електронскиов сметач тежи ни помалку ни повеќе од 4,53 килограми, но затоа е соодветна замена за било кој друг „desktop“ сметач.

Со овој производ на корисниците им се овозможуваат два екрана со што добиваат поголема работна површина или само еден екран исто како кај обичните лап топ компјутери.

Конфигурацијата на изумот на gScreen е S i7 Quad Core процесор на 1,73GHz, со 8GB меморија и моќната 1GB Nvidia GeForce графичка картица, па така и photo shop опседнатите, ќе можат секаде да работат со лап топов имајќи воедно и удобност која им ја пружа desktop сметалото.

И како за крај цената на овој лап топ изнесува 2.099 долари, а испораките стартуваат во ноември.

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi