Елитата сценира напад на Вонземјани! Абе, влегле во јак филм :)

popara22 август, 20111min00
district-9-alien-invasion-11801903

Теоретичарите на завери се колнат во ова видео кое ќе ви го прикажеме, каде гледаме уште еден цврст доказ за искривениот поглед на светот што го имаме, а кој ни е сервиран од светските моќници.

Се работи за еден инсерт од емисија емитирана на СNN, во која угледни експерти разговараат за финансиската криза. Пол Кругман, економист и колумнист кој работи за „New York Times“, за можно решение на ситуацијата предложил да се исценира вонземски напад.

Преданите „верници“ во теориите на завера со двете раце потпишуваат дека воената индустрија е единствената рентабилна гранка со која Америка може да се извлече од кризата. Последователно на тоа, би изгледало сосем разумно очајната елита да се одлучи на еден ваков чекор и да измисли страшна закана по која цел свет ќе се обедини во борба против заедничкиот непријател, па евентуално ќе се вложува и во американската индустрија за производство на оружје.

Мислите ли дека оваа завера е претерана и неспроведлива во пракса? Или ова воопшто не ве изненадува од причина што совршено се вклопува со „американската политика за измислување војни и кризи“? Експертскиот совет на американскиот економист, кој се темели врз епизодата на Зона на самракот, може да се погледне тука:

http://www.youtube.com/watch?v=E1Fzzs7oVaA&feature=player_detailpage#t=0s

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag