Топ 10 познати личности и нивните фобии

22 август, 20111

Сите ние се плашиме од нешто, но дали реално нашите стравови се основани? Дали сте размислиле дека можеби баш некој од стравовите ви е всушност фобија? Во прилог ви даваме листа на десет познати личности кои страдаат или страдале од некој вид на фобија. Погледнете и размислете дали е смешно или страшно:

10. Џони Деп – Клоурофобија, страв од кловнови

„Има нешто во тоа нашминкано лице, во вештачката насмевка“, рекол еднаш Деп пред репортерите. „Ми се чини дека под површината демне опасност, дека има вистинско зло позади маската“.

9. Зигмунд Фројд – Сидеродромофобија, страв од патување со воз

На едно патување од Фрајбург, возот поминал покрај Бресло и тука Фројд за прв пат во животот видел гасни млазеви што го асоцирало на души што горат во пеколот.

8. Ховард Хјуз – Мизофобија, страв од бактерии

При крајот на животот, тој лежел гол во кревет во темни хотелски соби коиспоред него  биле зони каде не постоеле бактерии. На стапалата постојано носел кутии за да не нагази на некој бацил.

7. Мерлин Монро – Агорафобија, страв од јавност и отворени места

Многу чудно е за актерка од светски калибар да има ваква фобија, но постои уште една актерка која страда од истата мака, Ким Бесинџер.

6. Били Боб Тортон – Панофобија, страв од антички мебел

„Можеби ова ми е наследено од претходниот живот кога сум изгубил некоја битка со антички стол“, на шала и кажа Тортон на Опра во нејзиното шоу. „Искрено, не знам знам што е реалната причина за овој страв, но кога има антички предмети во близина, не можам ни залак да ставам во уста“.

5. Алфред Хичкок – Овофобија, страв од јајца

За време на снимањето на филмот „Птици“, актерката Сузан Плешет била остро прекорена од помошникот на Хичкок што воопшто споменала јајца.

4. Натали Вуд – Аквафобија, страв од вода. Вуд доживеа смрт со давење.

Можно е мајката на Натали да ѝ го створила овој доживотен страв од вода. Сè започнало кога мајка ѝ ја излажала за некој мост што морала да го премине во филмска сцена. Таа ѝ кажала дека мостот е безбеден, а всушност тој бил осуден на пропаст.

3. Џон Меден – Аерофобија, страв од летање

Г-динот Меден, за своите професионални обврски како спортски известувач, насекаде патува со автобус.

2. Кристина Ричи – Ботанофобија, страв од куќни растенија

Ричи неколку пати има признаено дека се плаши од куќни растенија. „Тие се валкани“, вели таа. „Кога знам дека има растение во просторијата во која се наоѓам, ме фаќа нервоза“, додава Кристина.

1.Мадона – Бронтофобија, страв од грмотевици

Многу кучиња го делат со Мадона овој реално неоснован страв.

One comment

  • Semce

    23 август, 2011 at 16:44

    A strav od pari da imaa, pa da podelea nekoj dolar navamu!!! 🙂

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi