Емигранти убиле грк, големи немири во Атина

popara11 мај, 20111min00
acropolis_athens_greece_ert
Неколку стотици неонацисти, придружувани од граѓани на Атина, вчеравечер нападнале голема група на емигранти, револтирани од убиство на Грк, кој ја носел својата сопруга да се породи во болница.
Толпата извикувала “странците надвор од Грција!“. Нападнала десетина емигранти, а некои од нив бил претепани. Исто така била демолирана и една продавница, сопственост на странски државјанин.
Бројни полициски сили биле распоредени во атинската населба “Патисион“, каде се случило грозоморното убиство, кое предизвикало револт кај Грците.
Четириесет и четири годишен Грк бил заклан, додека влегувал во својот автомобил за да ја однесе својата бремена сопруга да се пораѓа во болница.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag