Реал ќе го ангажира и Алтинтоп?

11 мај, 20110
hamit-altintop

Алтинтоп пристигнува во Реал Мадрид?

Како што јавуваат шпанските медиуми, ‘кралскиот клуб’ е на прагот да доведе уште еден турски репрезентативец во своите редови.

Според информациите од медиумите, Реал Мадрид веќе постигнал договор со играчот на Баерн Минхен, Хамит Алтинтоп, и работата ќе се официјализира по дуелот на Баерн со Штутгарт во сабота.

Претходно, во текот на сезоната, Алтинтоп изрази незадоволство од својот статус во германската екипа, не сака повеќе да ‘ја грее клупата за резерви’ и до сега беше поврзуван со трансфер во некои турски клубови, пред се Фенербахчи и Галата сарај. Како што сега стојат работите, изгледа дека Турчинот сепак се решил да ја проба својата среќа во Реал Мадрид.

Мурињо сака да ја засили конкуренцијата на средината на теренот и одличниот турчин се наведува како одлично решение.

Алтинтоп сезонава за Баерн одигра само 14 меча, договорот му истекува на крајот на сезоната што значи дека во мадридксиот клуб би се преселил без отштета.

Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi