ЦИА: Ако некој од Сенатот испрати барање, може да го види мртвиот Осама

11 мај, 20110
CIA Glossy Wallpaper
Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) ги известила членовите на двата сенатски одбори дека може да ги погледнат фотографиите на убиениот лидер на Ал Каеда, Осама Бин Ладен доколку сакаат.
Членовите на одборот за разузнавање и одборот за вооружени сили кои сакаат да ги погледнат фотографиите може да испратат барање и ќе им биде одобрен термин за посета на ЦИА.
Американскиот претседател Барак Обама минатата недела рекол дека нема да се објават фотографиите од мртвиот Бин Ладен  бидејќи тоа може да предизвика насилство и да им послужи на терористите за пропаганда.
Осама Бин Ладен бил убиен во акција во Пакистан на втори мај, а неговото тело беше закопано во море.

Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi