Есенски коктели за вашето лице

popara16 ноември, 20111min00
1

Овошјето и зеленчукот се одлична основа за богати со витамини домашни маски. Приготвувањето одзема не повеќе од минута, две, а можете да бидете сигурни дека ќе имате далеку подобри резултати одколку готовите производи, бидејќи секој еден од нив содржи штетни хемикалии за вашата кожа. Непостои нешто подобро од свежа, природна маска за кожата. Ако ова ви стане навика за многу брзо време вашата кожа ќе се препороди.

Зелен коктел

Потребна ви е една супена лажица ситно исецкан пресен магданос. Додадете една чаена лажичка растително масло по избор и 10 капки витамин А.

„Салата“ за комбинирана кожа

Т зоната од кожата намачкајте ја со сок од пресно грозје, сувите зони од лицето покријте ги со пире од праска со додадено растително масло по избор или павлака. Затворете ги очите и покријте ги со парчиња краставица.

Коктел за мрсна кожа

Измешајте пресен исецкан магданос со кисело млеко и лимонов сок. Во смесата додадете нишесте или овесни трици.

Коктел за сува кожа

Намачкајте ја кожата со пире приготвено од диња, сливи и растително масло по избор.

Коктел маските многу лесно ги решаваат проблемите на сите видови кожа. За сите важи да одстојат од 15-20 минути на лицето. Ви предлагаме да ги пробате и да се уверите во нивниот ефект.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag