Чувала тело од вонземјанин во фрижидер?!!

16 ноември, 20110
1

Москва – ако вонземјаните слетале на Земјата, тогаш тоа сигурно било во Русија. Има многу стории кои раскажуваат дека вонземјани се појавиле во Сибир, а последната таква приказна доаѓа од една русинка, која тврди дека телото на еден вонземјанин го чувала во својот фрижидер цели две години.

Марта Јегоровна две години во својот фрижидер чува мистериозно тело, кое го фотографирала и го покажала во јавноста.

Телото таа наводно го земала од место блиску до нејзината куќа на кое во 2009 година наводно слетало НЛО. Марта додала дека се приближила до леталото, кое било многу врело и го пронашла мртвото суштество.

Пред неколку дена телото кое таа го држела во фрижидерот било одземено за да може да се истражи случајот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *