Ешли Кол планира роденденска забава за својата поранешна сопруга

23 јуни, 20110
image-8-for-cheryl-and-ashley-cole-in-pictures-gallery-79426638

Ешли Кол повторно се зближил со својата поранешна сопруга Шерил, па решил да и приреди роденденска прослава. Поточно, Шерил на 30 јуни ќе наполни 28 години, а Ешли планира голема забава. И покрај фактот дека тиа се разведоа минатата година, “Кол не се плаши да го организира роденденот. Има план како да ја врати и целата поготовка оди во добар правец”, изјавуваат британските медиуми.

Сепак, најблиските луѓе од животот на Кол не се среќни што таа размислува за враќање на поранешниот сопруг.  Нејзината мајка Џоан била многу бесна, а на тоа се надоврзува и менацерот на пејачката. “Таа е заслепена од својата иднина со Ешли. Нејзината мајка и кажала дека нема повеќе што да направи, а менаџерот бара да му се објасни што се случува. Шерил е изгубена и се чувствува осамено”, вели близок извор на пејачката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *