
Згодниот холивудски актер Ештон Качер кој неодамна се раздели од својата сопруга Деми Мур ги открил за американските медуими своите планови за Нова Година. Качер инаку ќе го помине последниот ден од оваа година во Њујорк, но оваа година сака нешто поразлично:”Њујорк е најдоброто место за дочек на Новата година. Тој град е секогаш електричен и во него се прават работи кои се поголеми и подобри од било кое друго место”.
Сепак, можеби поради неодамнешните промени во својот живот,за овој дочек сака нешто друго: “Следната прослава сакам да ја поминам во Сиднеј бидејќи сакам меѓу првите да влезам во Новата година”.
33-годишниот актер ја открил семејната новогодишна традиција:”Во моето семејство традиционално ги донесуваме новогодишните одлуки и тогаш ги отвараме едни пред други. Не сакам да откријам која е мојата одлука, но еве да речеме дека мојата цел е да станам подобар”.