Ештон Кучер се откажа од Твитер!? Ајде дојди на Фејсбук:)))

popara12 ноември, 20111min00
Ashton-ashton-kutcher-3325007-1280-1024

Ештон Кучер се откажа од својот Твитер профил откако на него доби огромен број критики. Фановите го нападнаа бидејќи застанал во одбрана на тренерот кој доби отказ поради тоа што криел скандал со злоставување на малолетници. Актерот напишал како не е во ред тоа што тренерот по американски фудбал, Џо Патерно, мора да ја напушти својата работа, откако бројни следбеници почнаа да го критикуваат и вреѓаат, а некои ми пишале дека се многу разочарани од неговиот став.

Ештон се извинил поради своето пишување и најавил дека некое време ќе се откаже од својот Твитер профил. Дополнително ги извести фановите дека неговиот профил на таа друштвена мрежа ќе го превземе неговиот менаџерски тим. „Иако чувствувам дека комуницирањето преку Твитер ми дава прилика да бидам близок со своите фанови, се чини дека сето тоа ја надмина забавата и стана многу поозбилно. Затоа водењето на мојот профил го препуштам на мојот тим. Уште еднаш, примете го моето најискрено извинување. Беше тоа грешка, која, мислам, нема да се повтори”, напишал актерот, кој беше првиот кој на Твитер собра повеќе од милион следбеници уште во 2009 година, а денес има повеќе од 8 милиони.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag