Ета Џејмс е пренесена во болница!

popara22 декември, 20111min00
eta

Познатата пејачка во средата во текот на ноќта била примена во болница откако одеднаш се влошила нејзината здравствена состојба.

Ета Џејмс (73) во моментов е под строг лекарски надзор. Пејачката со години се бори со леукемија, а покрај тоа страда и од демензија и има проблеми со бубрезите. Здавствената состојба во последните неколку месеци  и се влошила, а е пренесена во една болница во Калифорнија.

Нејзиниот менаџер потврдил дека пејачката е во болница и дека семејството е постојано до неа, а нејзиниот пријател, братот на Мајкл Џексон, Џеки Џексон на Twitter објавил: “Молете се за Ета”.

http://www.youtube.com/watch?v=ADDigK8LwyE&feature=player_embedded

Ета има освоено четири Греми награди и 17 музички награди за блуз,а  во 1993 година беше воведена во Rock and Roll куќата на познатите.

Се прославила во педесеттите и шеесеттите години како  биз и R & B пејачка, а со светска слава се здобила во 1961 година со синглот “At Last”, кој е честа тема на филмови, серии, реклами…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma