ЕУ ја одобри петтата транша помош за Грција

popara3 јули, 20111min00
0216_greece-european-union-flag_390x220
Министрите за финансии на земјите-членки на ЕУ постигнаа договор за распределба на петтата транша помош за Грција, во износ до 12 милијарди евра, додека одлуката за вториот пакет помош за земјата треба да се постигне во “наредните недели”, се вели во официјалното соопштение од Унијата.
По телефонскиот состанокот на министри од 17 земји членки на еврозоната, кој траеше повеќе од два часа, беше договорено петтата транша од 110 милијарди евра за помош на Грција да се исплати на 15 јули, по одобрување од страна на Меѓународниот монетарен фонд.
Грчкиот министер за финансии, Евангелос Венизелос изјави дека таквите случувања “го зајакнуваат меѓународниот кредибилитет на државата.”
“Она што е од клучно значење е навремено и ефикасно спроведување на одлуките донесени во парламентот, со цел постепено земјата да излегува од кризата што е во интерес на националната економија и грчки граѓани”, изјави Венизелос.
Грчкиот Парламент во четвртокот, во услови на насилни протести во центарот на Атина, го изгласа новиот план за ригорозно штедење, кој предвидува намалување на трошоците, зголемување на даноците и реализација на процесот на приватизација со цел да се спаси презадолжената земја а кој треба да генерира 28,4 милјарди евра до 2015 година.
Извор: Нетпресс

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag