Ева Лонгорија не крие врската со братот на Пенелопе Круз

3 јули, 20110
110702096.1_mn

По неколку месеци тајна врска со пејачот Едуардо Круз, Ева Лонгорија одлучила на оваа врска да и даде нова димензија.

Парот бил забележан во Шпанија, каде уживаат на луксузна јахта. Лонгорија и нејзиниот нов дечко отворено ја покажале својата љубов на палубата на јахтата, а холивудската ѕвезда блескала во бели бикини.

Пенелопe и нејзиниот сопруг, оскаровецот Хавиер Бардем, ја поддржуваат врската на Ева и Едуардо и со цел подобро да ја запознаат потенцијалната снаа, ги угостиле во нивната вила во Сан Августин.

Ева досега ја негираше врскта со братот на атрактивната Пенелопе, кој е помлад од неа 10 години. Едуардо бил нејзината голема поддршка по неверство поради кое се разведе од својот поранешен сопруг, кошаркарската ѕвезда Тони Паркер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *