Американската актерка, Ева Мендез ја доби улогата на Марија Калас, познатата оперска пејачка, во филмот кој ќе се снима за неа и нејзиниот љубовен живот.
Филмот ќе ја раскаже љубовната приказна помеѓу Марија Калас и Аристотел Оназис. Таа изјавила дека не можела да ја одбие понудената улога бидејќи сценаристот на овој филм, Џулијан Фелоуз кога го пишувал сценариото ја имал токму Ева пред очи.