Неодамна, американско истражување откри дека 27% од вработените, редовно појадуваат на работното место, 62% ручаат, додека половина од нив јадат различни грицки пред компјутер.
Како што пренесуваат американските медиуми, оваа лоша навика ја практикуваат повеќе жените кои се ранливи од мажите и кои имаат повеќе задачи.
Истражувачите предупредуваат дека на работното место има 400 пати повеќе инфекции од ВЦ шољата. 64% од вработените признаваат дека го чистат својот компјутер еднаш месечно па дури и поретко, што не е случај со тоалетот кој е далеку повеќе редовно дезинфициран.
“Инфекции како што се салмонеа и ешерихија коли пленат вашето работно место”, предупредува Tobi Smitson. Неговиот совет е дека пред секој оброк треба да се мијат рацете, а потоа добро да се исчисти работното место а посебен акцент да се стави на глувчето и тастатурата.