Европејците роднини со Тутанкамон

popara2 август, 20111min00
207_o

Дури 70% од британските мажи и половина од сите западно европејци се во сродство со египетскиот фараон Тутанкамон, изјавиле генетичари од Швајцарија.

Научниците од центарот за генетика и ДНК генеалогија со седиште во Цирих, направиле реконструкција на ДНК профилот на момчето кое на девет години дојде на престолот, неговиот татко Ekhnaton и дедо Amenhotep III.

Резултатите покажале Тутанкамон припаѓал на хаплогрупата R1b1a2, која исто така припаѓаат повеќе од 50% од сите мажи во западна Европа, што пак дава насоки дека сите имаат заеднички предок.

Меѓу денешните Египќани, на таа група припаѓаат помалку од еден процент, изјавиле од iGENEA. Многу е интересно да се открие дека тој припаѓал на европејската генетска група, изјавил директорот на центарот Роман Шолц. Тој додал дека веруваат дека заедничкиот предок живеел во Кавказ пред околу 9.500 години, пренесува Хина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma