Европејците се постари и бројот на население опаѓа!

popara26 октомври, 20111min00
old-couple-laugh

Додека бројот на населението во Азија и Африка расте, стариот континент се соочува со поинаков проблем. Во Европа бројот на население се намалува и се повеќе има постари лица.

Сепак ирците немора да се плашат. И покрај должничката криза во таа земја, бројот на новороденчиња е најголем во споредба со сите останати земји во Европа. По Ирска на самиот врв се Франција и Велика Британија.

Иако наталитетот во Европа е во пораст, една европјанка во просек раѓа 1,6 деца, а тоа укажува дека има се повеќе стари немажени жени кои сакаат да станат мајки. Но, да се одржи нивото на наталитет, неопходно е коефициентот на родени деца да е 2,1.

Европјаните стареат, еден просечен европјанин живее 76 години, а една просечна европјанка 82.

Сепак треба да се напомене дека овие бројки се разликуваат од држава во држава. На пример, во Италија, Франција и Германија живеат најстарите мажи. На истокот на Европа во просек имаат пократок животен век.

Бројот на смртноста кај ново роденчињата особено е опаднат во Романија и Бугарија.

Во извештајот на Европската комисија за демографката состојба на стариот континент го објаснила со реченицата: Европа е „жртва“ на сопствениот успех.

Се поголем број на стари лица го оптеретуваат социјалниот систем, наведува ДОјче Веле. Онаму каде има малку луѓе во работен однос, помалку има и придонеси за пензиски и социјални фондови.

Наредната година ќе се пензионираат и првите генерации родени по Втората светска војна. Европската унија очекува по 2014 година дека бројот на вработени лица значајно ќе опаѓа.

Бидејќи има се повеќе пензионери, така и издвојувањата од социјалните каси се се поголеми. Спеак, некои од експертите не се песимисти и веруваат дека нема да се случи најлошото. Па така тие наведуваат дека младите работиници, веројатно ќе треба да плаќаат поголеми придонеси, но и ако работниците во подоцнежните години одлучат да работат подолго, така би можеле да се компензираат работите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag