Facebook е добар за менталното здравје

19 јуни, 20110
facebook-emoticons

Корисниците на Facebook имаат повеќе блиски пријатели и добиваат поголема општествена поддршка од оние кои не се во мрежата, покажуваат резултатите на истражувањето.

Феноменот Facebook честопати е обвинуван дека придонесува за изолација на младите од своите врсници. Тоа е демантирано од истражувањето спроведено до Пеу истражувачкиот центар и кое тврди: луѓето кои се на Facebook имаат повеќе блиски пријатели, поголема доверба и многу поголема општествена поддршка од оние кои сеуште не се приклучиле на таа социјална мрежа.

Политички ангажирани

Се покажа дека корисниците на Facebook се посилно политилки ангажирани од луѓето кои не се на мрежата. “Имаше многу претпоставки за лошото влијание на мрежата на реалниот живот, многумина беа сконцентрирани на можноста Facebook лошо да влијае на реалните контакти.” изјавува професорот Кит Хемптон. “Резултатите го покажуваат спротивното. Луѓето кои ги користат социјалните мрежи остваруваат повеќе блиски контакти и поверојатно е да се вклучени во граѓански или политички акции.”

Пеу истражувачкиот центар интервјуирал 2 225 возрасни Американци за навиките за користење на социјалните мрежи. Откриле дека корисниците на Facebook, за разлика од останатите корисници на интернет и оние кои не користат интернет, сметаат дека на повеќето луѓе моѓе да им се верува.

Facebook ден во бројки

Има поголеми шанси корисниците на Facebook да присуствуваат на политички собир или да излезат на избори. Добиваат дури 50% поголема општествена и емоционална поддршка. Меѓу Facebook пријателите имаат во просек тројца пријатели кои никогаш не ги сретнале во животот. Доминираат и најзначајни се врските со личностите со кои и во реалниот живот имаат солидни односи. Денот на просечниот Facebook корисник во бројки би изгледала вака: 10% корисници секојдневно го ажурираат својот статус, 22% коментираат на туѓ пост или статус, а 20% коментираат на фотографиите на други корисници. Туѓите статуси ги лајкуваат 26% корисници, а 10% праќаат приватни пораки.

Денес  Facebook го користат 47% од возрасните луѓе во светот, а пред три години тој број бил 26%. Повеќе од половина од возрасните корисници се на возраст до 35 години.

“Социјалните мрежи им станаа важни на луѓето бидејќи можат да останат во контакт со своите најдобри пријатели и познаниците”, вели Ли Рејни, еден од авторите на истражувањето. “Но приказната не е завршена. Светот на вмрежените поединци ќе се менува со развојот на платформата и со промената на популацијата на корисници.”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *