Facebook нуди награда доколку пронајдеш грешка на нивните страници

popara31 јули, 20111min00
facebook-privacy

Социјалната мрежа Facebook, која минатиот месец го ангажирала во своите редови познатиот хакер GeoHot, понуди 500 долари награда за нејзините корисници кои ќе успеат да пронајдат грешки на страниците на социјалната мрежа.
“Во знак на благодарност на корисниците специјализирани за информатичка сигурност, ние им нудиме награда за пронаоѓање на грешки на нашата мрежа”, било напишано на блогот на Facebook.
Првиот кој ќе успее да пронајде грешка која може да влијае на интегритетот и приватноста на податоците на корисникот, Facebook веднаш ќе го награди.
Наградата изнесува 500 долари, но износот може да биде и поголем доколку корисникот успее да пронајде некоја поголема грешка или недостаток.
Facebook минатиот месец го ангажирал познатиот хакер, GeoHot кој бил виновен за пробивање на заштитата на Sony Play Station 3, и I’Phon.
Facebook се уште нема официјално изјавено кои ќе бидат задачите на познатиот хакер GeoHot во нивната компанија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma