ВИДЕО: U2 ја заврши својата турнеја, со рекордна заработка од 736 милиони долари

31 јули, 20110
U2+360+Tour+Chicago+September+12+2009+yxLIYatiWipl

Ирскиот бенд U2 вечерва ќе ја заврши најскапата турнеја во историјата на музиката, под името “360” со настапот во канадскиот град Монктон, пишува музичкиот магазин Bilbord.

Серијата концерти влегле во историјата како најголема турнеја во заработка на сите времиња. Се наведува дека U2 од последната турнеја заработиле повеќе од 736 милиони долари.
Вечерниот концерт е 110 по ред, а вкупно турнејата ја посетиле повеќе од 7,2 милиони луѓе.
Претходниот рекорд во заработка го држела легендарната група Rouling Stones со турнејата “Bigger Bang” која траела од 2005 до 2007 година со вкупна заработка од 558 милиони долари.
Турнејата “360”, започнала на 30 јуни 2009 година во Барселона. Во оквир на оваа турнеја U2 свиреле во Европа, Северна и Јужна Америка, Африка и Океанија.
Во пролетта, 2010 година, продолжувањето на турнејата било ставено под знак прашање кога пејачот Боно се повредил и морал итно да подлегне на операција на грбот. Турнејата продолжила по неговото закрепнување, неколку месеци подоцна.

Погледнете како изгледал концертот во Сао Паоло.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi