Facebook во преговори да го купи Skype?

popara5 мај, 20111min00
facebook-skype

Два доста сигурни извори кажале дека основачот и извршниот директор на Facebook, Марк Зукерберг преговара со компанијата Facebook Skype за нејзино купување или формирање на (jointventure) во вид на заедничко вложување, објавил Ројтерс.

Еден од изворите рекол дека Facebook преговара да ја купи компанијата по цена од 3 до 4 милијарди долари. Според друг извор пак, се вели дека Facebook нема да го купи Skype, туку дека ќе формираат заеднички вложувања. Овие две компании добро се познаваат, бидејќи и во минатото соработувале. Во октомври минатата година, кога Skype ја објави верзијата 5.0, а со самото активирање на функцијата на корисниците им беше овозможено да ги повикаат своите пријатели преку Skype, директно од Facebook newsfeed.

Покрај ова, Facebook не е единствениот кој е заинтересиран за Skype. Еден од изворите навел дека и Google водел прелиминарни преговори за формирање на заеднички вложувања.

Од компанијата Skype, одговориле дека не сакаат да ги коментираат гласините и шпекулациите.

Наскоро ќе дознаеме дали станува збор за гласина или за навистина голема вест на IT пазарот.

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag