Поддршката која ја доби Мич Вајнхаус, од фановите на неговата покојна ќерка го погоди и тој сакал некако да им се заблагодари.
Еден од обичаети на евреите по смртта на нивниот близок, е да влегуваат секој ден во неговиот дом една недела. Два дена откако ја погребале, таткото на Ејми влегол во нејзиниот дом, ја земал целата нејзина гардероба и потоа влегол во толпата нејзини обожаватели и им ја поделил.
Последните искази во врска со смртта на Ејми се дека таа последните три недели не пробала ни капка алкохол, но навиката нејзиниот организам да прима по огромна количина била прекината па не изостанува можноста таа да починала токму поради шокот од големата промена.