Третото продолжение на “Сексот и градот” без Џесика Паркер

29 јули, 20110
gal_sex

Третото продолжение на “Сексот и градот” ќе се снима според романите на Кендис Бушнел, “Дневниците на Кери” и “Летото и градот”, но во ова продолжение нема да настапи ниту една од познатите актерки кои глумеа во предходните два филма.
Во новото продолжение ќе глумат нови четири млади холивудски актерки кои треба да го прикажат животот на главните ликови во нивната младост, како и нивната прва средба, пишува весникот Блиц.
Продуцентите на филмот одлучиле актерката Блејк Лајв да ја преземе улогата на Саманта Џонс, Селена Гомез ќе ја глуми Шарлот Јорк, Ема Робертс ќе биде Миранда Хобс и Елизабет Олсен во улога на Кери Бредшо.

Оваа вест доаѓа по долгомесечна неодлучност на продуцентите дали да се оди со сторија за доживувањата на Кери и Ѕверката или да се сконцентрираат на минатото на главните ликови.

Одлуката била конечно донесена откако главната актерка Сара Џесика Паркер неодамна изјавила дека нема повторно да прифати улога во продолжение на “Сексот и градот”, бидејќи во последните две дела, се што можело да се раскаже било раскажано за животот на главните ликови.

Но, авторката на двата романа за младоста на Кери, Кендис Бушнел, изјавила дека ова е само почеток, бидејќи секоја од главните ликови има свое минато, и дека следат многу нови авантури за главните ликови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *