Фановите на Елвис Присли го прославија неговиот 76-ти роденден. Бројнитте фанови, на чело со рударот Едисон Пена во саботата се собраа во Грејсленд, да ја испеат “Happy Birthday”. Големата торта висока 4 метри имаше чест да ја пресече Пена, неговиот голем фан. Пена е еден од 32 рудари кои беа заробени во рудникот цели 69 дена. Таму тој ги пеел песните на Елвис Присли, во нив наоѓал смирување. Пена не знае многу англиски, освен некои зборови од песните на Елвис. Сепак од гостите бил прифатен со голема почит и најголемата чест му била дадена токму него како почесен гостин.