Фељтон: Принцови на столетието, “Ferrari”

popara15 јуни, 20111min03
0

“Идентитет на познатиот бренд

Познатиот симбол на Ферари тимот е Cavallino Rampante (разјарен коњ подигнат на две нозе) поставен на жолт штит со иницијалите SF (Scuderia Ferrari) со три ленти зелена, бела и црвена(Националните бои на Италија) поставени на горниот дел. Сериските автомобили на хаубата напред го имаат истото знакче на коњот во правоаголна форма, и два триаголни беџа од десната и левата стран на aвтомобилот поставени пред вратите.

На 17 Јуни 1923 година Enco Ferrari победил на трката во Savio патеката во Revenna каде и ја сретнал мајката на Francesco Baracca, национален херој на Италија, пилот број еден во Втората светска војна. Francesco имал обичај на својот авион да црта коњче(слично на Ферари)кое му носело среќа додека војувал на небото. Мајката го замолила Enco да го користи знакчето на своите автомобили, бидејќи тоа и нему ќе му донело среќа. Оргиналното знакче кое го цртал Francesco било црвено коњче на бела основа.

Francesco Baracca

Мотивот на разјарен коњ подигнат на две нозе е стар со илјадници години, тој можел да се најде на стари кованици. Сличен црн коњ на жолт штит може да се види и на амблемот на Германскиот град Штудгард, домот на Mercedes-Benz, каде моделите на Porsche користат сличен знак. И Mercedes-Benz и Porsche во 30-тите години биле големи конкуренти на Alfa Romeo и Ferrari.

Fabio Taglioni исто така го користел знакот “Cavallino rampante” на своите мотори Ducati, интересно е да се напомене дека таткото на Fabio бил пилот во ескадронот на Francesco Baracca па се претпоставува дека од таму е идејата за коњчето да се користи како заштитен знак. Но со времето како се развивала компанијата Ferrari, Ducati одлучиле да го заменат логото, се наведува дека двете компании случиле приватен договор во врска со логото.

“Cavallino Rampante” е визуелниот симбол на Ферари, Магазинот Cavallino го користи името но не и знакот. Но сепак и други компании го користат знакот на Ферари, една од тие компании која го користи коњчето и кое е доста идентично со логото на Ферари е Avanti, Австриска компанија која има приближно 100 бензиски пумпи низ Австрија. Тука се и Iron Horse велосипедите.

Во 1920 година, италијанските тркачки автомобили Alfa Romeo, Maserati а подоцна и Ferrari. биле обоени во црвена боја (Rosso Corsa) како национална боја на Италија, која била и прифатена од страна на FIA, но како национална боја на тимот, не како боја на производител или заштитна боја на тркачки тим. Потоа тимот на Bugatti биле препознатливи по сината боја, тимот на Mercedes со белата, додека како национална боја Lotus ја користел зелана боја.

3 comments

  • Atanas

    16 јуни, 2011 at 16:25

    Jas sakam dve, ne edno 🙂

    Reply

  • Pisman

    16 јуни, 2011 at 16:24

    Sakam edno kako na naslovnata

    Reply

  • Edin

    15 јуни, 2011 at 11:31

    Koj na kogo sega go ukral znakceto Ferrari ili Porsche

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma