Фељтон: Принцови на столетието, “Lamborghini” 2-дел.

popara1 јули, 20112min00
о

Lamborghini на почетокот од 60-тите години

 

Кога ја основал неговата компанија, Lamborghini ја ангажирал фирмата Società AutoStar да дизајнира V12 мотор кој ќе се вгради во неговите нови модели на автомобили. Lamborghini сакал моторот да има слични карактеристики како 3 литарскиот V12 мотор на Ferrari, но сепак да биде искористен за производство на сериски возила. Компанијата AutoStar била предводена од страна на Giotto Bizzarrini, член на “”Gang of Five”, екипа на  инженери на Ferrari кои биле одговорни за создавање на познатиот Ferrari 250 GTO. Bizzarrini заминал од компанијата во 1961 година кога основачот Enzo Ferrari одлучил да го реорганизира инженерски кадар. Моторот на Bizzarrini кој бил наменет за Lamborghini имал поместување од 3,5 литри, на 9.5:1 компресија, како и максимална моќност од 360 КС при 9800 вртежи во минута. Lamborghini бил задоволен од моторот, но сепак сакал да има мотор кој би можел да се користи за патни автмобили, а не да се оди во правец на производство на тркачки мотор, и побарал од Bizzarrini да го корегира дизајнот на моторот заедно со моќноста. Bizzarrini не ги прифатил барањата за промена на моторот и тогаш Lamborghini одбил да му го исплати договорениот износ од 4,5 милиони италијански лири. Судот подоцна му наредил на Lamborghini да му го исплати договоренио9т износ на Giotto Bizzarrini.

Првата Lamborghini шасија била креирана од страна на италијанскиот инженер Gian Paolo Dallara, а во неговиот тим се нашле Paolo Stanzani и Bob Wallace кој имал работено шасии за Maserati. Телото на автмобилот било креирано од тогаш релативно непознатиот дизајнер Franco Scaglione, кој бил во конкуренција со големи имиња како Vignale, Ghia, Bertone, и Pininfarina.
Моделот Lamborghini 350GTV бил дизајниран и направен за само четири месеци, и бил претставен на авто саемот во Торино во 1963 година. Поради тековните несогласувања со конструкторот на мотори Giotto Bizzarrini моделот 350GTV на саемот бил претставен без мотор, во внатрешноста на хаубата биле поставени тули за да може автомобилот да биде на соодветна висина од земјата и да не се добие впечаток дека нема мотор.

Automobili Lamborghini Società per Azioni официјално била претставена на 30 Октомври, 1963 година. Ferruccio Lamborghini купил 46.000 квадратни метри имот на Виа Модена, во Сант Агата Болоњезе близу до Болоња, и на само 19 километри одалеченост од градот Ченто, длабоко во лулката на автомобилската индустрија во Италија. Lamborghini покрај неколку локации кои ги планирал за изградба на фабриката ја одбрал оваа во Сант Агата Болоњезе поради поволниот финансиски договор кој го имал со челниците на градот.

И покрај добрите коментари за моделот 350 GTV, Ferruccio Lamborghini одлучил да направи некои промени во дизајнот на автомобилот. Новиот модел се викал  Lamborghini 350 GT, измените ги направиле Carrozzeria Touring од Милано кои конструирале нова шасија, а моторот на Bizzarrini бил ускладен за сериско призводство со само 280 КС. Моделот бил претставен на авто саемот во Женева во 1964 година. И овој модел како и предходниот добил позитивни критики од медиумите. Истата година веќе биле продадени 13 автомобили. Моделот се призведувал уште две години и продадени биле 120 автомобили. Интересно е да се каже дека Ferruccio Lamborghini за секој произведен модел бил во загуба, со цел да ги задржи цените кои ги имал неговиот конкурент Ferrari.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag