Откриен почетокот на универзумот?

1 јули, 20110
9761832814e0b7f94bb796223733516_orig

Европските астрономи откриле светлина од многу светла, стара галаксија со супер масивна црна дупка во своето средиште, за кое тврдат дека ќе им помогне да ги објаснат деталите за почетокот на универзумот.

Овој феномен познат под името квазар, а станува збор за исклучително светла, но многу одалечена галаксија со моќна црна дупка во своето јадро.

Досега најодалечениот квазар кој некогаш е виден испратил светлина 870 милион години, по Биг Бенг, за кого се верува дека се случил пред околу 13.7 милијарди години.

Овој рекорд сега го срушиле европските истражувачи, кои по 15 години истражување, пронашле квазар кој емитува светлост 770 милиони години по раѓањето на вселената.

Квазарот под името ULAS J1120+0641 има “црвено поместување“, т.е. црвена светлина, со одалеченост од 8,6, што значи дека светлината до нас патувала 12,9 милијарди години.

“Овој квазар е своевидна сонда од почетокот на универзумот“, изјавил за AFP лидерот на тимот астрофизичарот Стивен Ворен о Кралскиот колеџ во Лондон.

“Станува збор за ретко небеско тело, кое ќе ни помогне да сфатиме како супер големите црни дупки се зголемиле за неколку стотици милиони години по Биг Бенг“, додал тој.

Мерењата покажуваат дека црната дупка квазар има маса која е околу две милијарди пати поголема од Сонцето, величина која тешко може да се помири со важечките теории.

Супер масивните црни дупки,  според постоечките хипотези, им било потребно милијарди години за да се зголемат, постепено шмукајќи разни материи од своето окружување.

Квазарот наводно, настанал во ерата кога се создавале првите ѕвезди.

За време на истражувањето, чии резултати беа објавени во списанието “Nature”, астрономите го користеле европскиот голем телескоп, поставен на Андите во Чиле, како и британскиот инфрацрвен телескоп поставен на Хаваи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi