Фељтон: Принцови на столетието, “Rolls-Royce” 2-дел

popara27 јуни, 20112min00
0

Во текот на 1906 година, Royce го усовршил и подобрил моделот  со шест цилиндри кој имал поголема моќ од 30hp. Што следело за кратко време да се направат моделите од  40/50 КС, ова бил “новиот модел” на компанијата. Во март 1908 година, комерцијалниот директор Claude Johnson, успеал да го убеди Royce и другите директори во Rolls-Royce дека треба да се работи исклучиво на новиот модел, а другите модели да се стопираат. Подоцна новиот модел го добил името Silver Ghost, и тој модел го вратил угледот на компанијата кој достигнал производство на над 6.000 автомобили. Во 1921 година, компанијата отворила втора фабрика во Спрингфилд, Масачусетс во САД (за да помогне во задоволувањето на побарувачката), каде што уште 1701 “Springfield Ghosts” автомобили биле произведени. Фабриката во Спрингфилд ќе функционира само 10 години се до нејзиното затворање во 1931 година.

По завршување на Првата светска војна, Rolls-Royce правеле обиди повторно да ја подигнат компнијата на ниво како што било пред војната, но кризата го земала својот данок, со што моделот Silver Ghost имал голем пад во продажбата, и компанијата морала да се насочи кон производство на помали и поевтини модели, како моделот Rolls-Royce Twenty.

Во 1931 година, компанијата добива конкурент на пазарот во производство на автомобили, компанија која во тоа време успеала успешно да се носи со глобалната криза, станува збор за Bentley. Од тогаш па до 2002 година, Bentley и Rolls-Royce  прават идентични автомобили кои се разликуваат само во предната шасија и во некои поситни детали.

Во 1998 година, сопствениците Vickers  одлучиле да ја продадат компанијата Rolls-Royce Motors. Во купувањето на компанијата се приклучиле гигантите BMW и Volkswagen Group. BMW со понуда од 340 милиони фунти, додека Volkswagen Group понудиле 430 милиони фунти.

Делот за производство на авио-делови му припаднал на BMW бидејќи тие веќе и соработувале во минатото во снабдување на мотори за потребите на Rolls-Royce. Во тоа Volkswagen и многу не се противел бидејќи тие и така биле повеќе насочени во добивање на брендот Bentley, кој во тоа време се продавал многу подобро за разлика од моделите на Rolls-Royce.

Подоцна BMW и Volkswagen Group постигнале договор. Од 1998 до 2002 година, BMW ќе продолжи со производство и снабдување на мотори и ќе му овозможи на Volkswagen Group да го користи името Rolls-Royce и логото.

Во јануари 2003 година е одлучено само BMW да го користи името Rolls-Royce, додека Volkswagen Group ќе може да произведуваат само модели на “Bentley”.

Ова резултирало во 2003 година да се создадат две нови одвоени компании, Bentley Motors Limited со производство само на марката Bentley , и компанијата  Rolls-Royce Motor Cars која ќе продолжи со производство на Rolls-Royce модели.

 

 

Модели на Rolls-Royce:

Rolls-Royce Limited

1904–06 10 hp

1905–05 15 hp

1905–08 20 hp

1905–06 30 hp

1905–06 V-8

1906–25 40/50 Silver Ghost

1922–29 Twenty

1925–29 40/50 Phantom

1929–36 20/25

1929–35 Phantom II

1936–38 25/30

1936–39 Phantom III

1938–39 Wraith

1946–59 Silver Wraith

1949–55 Silver Dawn

1950–56 Phantom IV

1955–66 Silver Cloud

1959–68 Phantom V

1965–80 Silver Shadow

1968–91 Phantom VI

1971–96 Corniche I–V

Rolls-Royce Motors

1975–86 Camargue

1980–98 Silver Spirit/Silver Spur

Rolls-Royce Motor Cars vehicles

2003– Phantom

2007– Phantom Drophead Coupé

2008– Phantom Coupé

2010– Ghost

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag