Фернандо Алонсо – двократен светски шампион

5 август, 20110
fernando-alonso

Фернандо Алонсо e роден на 29 јули 1981 година во Овиедо, Шпанија, тој е актуелен шпански возач во Формула 1, два пати светски шампион, моментално вози за Ferrari.

На 25-ти септември 2005 година, за прв пат го освоил светскиот шампионат во Формула 1, на свои 24 години, со што во тоа време тој бил најмладиот шампион. По потврдувањето на титулата следната година тој стана најмладиот двоен шампион во Формула 1. Алонсо е исто така амбасадор на UNICEF.

Како дете, Алонсо учествувал во картинг натпревари во Шпанија, со голема поддршка од неговиот татко, кој всушност бил негов механичар. Неговата фамилија немала доволно финансиски средства за развивање на кариера во автомобилскиот спорт, но неговите победи полека привлекле спонзорства. Алонсо има освоено 4 шпански шампионати во јуниорска категорија, во периодот помеѓу 1993 и 1996 година и Јуниорскиот Светски Куп во 1996-та година. Тој победил и на шпанската и италијанската Интер-А титула и во 1998 година повторно ја освои шпанската Интер-А титула, и завршил втор на европскиот шампионат. Поранешниот возач на Минарди во Формула 1, Адријан Кампос му овозможил на Алонсо да направи тест возење на тркачки автомобил во октомври 1998 година. По три дена тестирање на патеката Albacete, Алонсо го израмнил своето време, со времето на предходниот возач на Кампос, Марк Хене. Кампос потпишал договор со Алонсо да вози за него во шпанскиот Euro Open MoviStar by Nissan сериите. Тој победил во неговата втора трка во тимот на Марк, и тоа на патеката Albacete. Алонсо потоа бил тестиран за натпреварите во Формула 1, постигнувајќи резултати за 1.5 секунда побрзи од преостанатите возачи. Следната сезона Алонсо се префрлил во Формула 3000, што во принцип претставува последниот чекор пред влегување во Формула 1.

Алонсо бил третиот намлад возач кој се натпреварувал во Формула 1, дебитирајќи за Минарди за големата награда на Австралија. Алонсо привлекол големо внимание поради неговите перформанси. Во септември 2001-та година било објавено дека Заубер сака да го замени Кими Раиконен со Фернандо Алонсо, но сепак на крајот го избрале Фелипе Маса. Подоцна Флавио Бријаторе го планирал Алонсо како замена за Џенсон Батон во тимот Benetton Renault, но сепак го земал само како тест возач во 2002-та година.
Алонсо како тест возач за Renault во 2002-та година поминал 1642 кругови. Во 2003-та година, Бријаторе го заменил Џенсон Батон со Алонсо, односно Алонсо стана вториот возач на тимот на Renault, заедно со Јарно Трули. Шпанецот станал најмладиот возач кој се здобил со пол-позиција за големата награда на Малезија. Тој завршил втор на големата награда на Шпанија и подоцна станал најмладиот возач кој победил на големата награда на Унгарија. Таа година завршил шести во генералниот пласман со 55 поени и четири подиуми.
Во 2004-та Алонсо извојувал победи за Renault во Австралија, Франција, Германија и Унгарија. Во Индијанаполис имал незгода кога му се дупнал едниот пневматик каде ја изгубил третата позиција. Во Франција тој имал пол-позиција но завршил втор, позади Михаел Шумахер. Алонсо во 2004 година завршил четврти во генералниот пласман со освоени 59 поени.

Во 2005-та година Алонсо заедно со Џанкарло Физикела биле главни возачи на Renault. На почетокот на сезоната во Австралија, Алонсо поради дождот се квалификувал на позиција во задниот ред, но на крајот сепак се изборил за третото место. Тој победил на следните две трки во Малезија и Бахреин тргнувајќи од пол-позицијата, а завршил трет во големата награда на Сан Марино, после големата битка цели 13 кругови со Михаел Шумахер. Тој ја осигурал својата титула “F1 Светски Шампион” со освојување на третото место за големата награда на Бразил. Победата на Алонсо за големата награда на Кина, му донело победа на тимот на Renault во изборот на конструктори.
Во 2006-та година тој ја потврди својата титула станувајќи најмлад двоен шампион.
Во 2007-та година тој преминал во тимот на McLaren, заедно со Луис Хамилтон како негов партнер. Алонсо таа година завршил трет во генералниот пласман. На 2-ри ноември 2007-та, McLaren и Алонсо заедно се согласиле да го прекинат договорот, и Алонсо да може слободно да премине во друг F1 тим, без никаква компензација од негова страна.

Во 2008-та Алонсо се вратил во Renault и потпишал договор за две години заедно со Нелсон Пике за околу 25 000 000 фунти. Во 2008-та година Renault не бил многу компетитивен, со што се рашириле гласини дека Алонсо е незадоволен од Renault и дека ќе бара место во следните тимови BMW Sauber, Honda или Toyota. Тој завршил петти во генералниот пласман во 2008-та година.
Во 2009-та година тој со новиот болид Renault R29 паднал на деветото место во генералниот пласман.
После големите шпекулации во септември 2009-та година беше потврдено дека Алонсо ќе го замени Кими Раиконен во тимот на Ferrari, заедно со Фелипе Маса. Неговиот договор покрива три сезони 2010, 2011 и 2012. 2010-та беше успешна година за Алонсо во Ferrari, но сепак не успеа да го освои шампионатот за 4 поени позади германецот од RBR-Renault, Себастијан Фетел.

Оваа година Фернандо Алонсо го продолжи договорот со Ferrari до крајот на 2016 година. Тој ја освои големата награда на Велика Британија и моментално е на 4-то место со освоени 145 поени во генералниот пласман.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi