Ветел со пол-позиција во Австралија

popara26 март, 20111min00
1

Актуелниот светски шампион, Себастијан Ветел постави најдобро време во квалификациите и во неделната трка за Големата Награда на Австралија ќе стартува од пол позиција. Ветел во завршниот дел од битката за што е можно подбра стартна позиција имаше време од 1 минута 23 секунди и 529 илјадити дела од секундата. Веднаш до него од првиот ред ќе стартува, Луис Хамилтон на Мекларен, кој зад шампионот заостана скоро осум десеттинки додека од вториот ред на Мелбурн Парк трката ќе ја започнат Марк Вебер и Џенсон Батон. Во денешните квалификации петтото место му припадна на Фернандо Алонсо додека шести е возачот на Рено, Виталиј Петров. Од четвртиот ред трката ќе ја стартуваат Нико Розберг и Фелипе Маса, а најдобрата десетка ја комплетираат Камуи Кобајаши и Себастијан Буеми. Најнепријатното изненадување го направи седумкратниот шампион, Михаел Шумахер, кој во квалификациите го освои дури 11-тото место.

 

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag