Фил Колинс става крај на својата музичка кариера

popara9 март, 20111min00
Phil-Collins-615x272

Поп ѕвездата на свои 60 години реши да ја заврши музичката кариера. Поранешниот фронтмен на Генезис бендот се бори со здравствени проблеми, поради кои му се оштетува слухот и оштетени нерви на рацете. Колинс откако дознал дека здравствените проблеми ќе го спречат да свири на тапани, реши да стави крај на својата кариера. Тој изјавил дека е добро време да престане со п-равење музика, и дека нема на никого да му недостасува. “Ги гледам на MTV музичките награди, и не можам да бидам во овој бизнис”, изјавил Колинс во едно интервју. Колинс има продаден оповеќе од 150 милиони албуми за време на неговите најплодни музички години, но сепак немаше издадено нов сингл со години. Негова главна преокупација сега ќе бидат двајцата синови, кои се плод на љубовта со неговатља трета жена. Ѕвездата сега живее сам во Швајцарија и во целост ќе ја ужива својата популарност која ја имаше многу години како тапанар и пејач на Генезис. Тој има освоено седум Греми награди и Оскар за песната “You’ll Be in My Heart“ од филмот на Дизни “Тарзан“ во 1999 година.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag