Филип II Македонски – втор дел

popara9 мај, 20111min00
filipvtori

Браковите на Филип Македонски.
Покрај воената, Филип Македонски имал и повеќе политички пронајдоци кои му помогнале да си ја зајакне власта во Македонија. Неговиот примарен метод на создавање алијансни и зајакнување на лојалноста бил создавање на бракот. Се вели дека тој бил горд на своите дипломатски маневри, повеќе отколку на воените победи. Најпрво тој се оженил со илирската принцеза Авдата, со што ја започнал коалицијата со Илирите. Потоа тој се оженил со Фила, принцезата на македонскиот кантон Елимеа, со што тој го зајакнал внатрешното македонско единство. Во 357 п.н.е тој се оженил со принцезата Олипија од соседната земја Епир. Една година подоцна Олимпија го родила синот кој го нарекол Александар. Филип II имале неколку бракови и деца од тие бракови и тоа:

1. Од бракот со Авдата–Евридика, ќерка или внука на дарданскиот кнез Бардил, склучен во 359 година, се родила ќерката Кинане. Авдата живеела 20-22 години, а починала во 358 година.

2. Од бракот со Фила, ќерка на Елимејскиот кнез Дерда, сестра на Дерда и Махата, склучен околу 358 година, не се забележани деца. Фила живеела 19-21 години, а починала во 358/7 година.

3. Од бракот со Никесиполида од Фере (Тесалија), склучен во 353 година или 352 година, се родила ќерката Тесалоника. Никесиполида живеела 19-21 години, а починала во 351 година.

4. Со Филина, веројатно од родот на Алевадите, од Лариса, Филип II се оженил во 358 година и добил син Филип III Аридеј. Филина живеела 19-21 години, а починала во 357 година.

5. Од бракот со Олимпија, молосијска принцеза од Епир, ќерка на Неоптолем, склучен во 357 година, му се родил синот Александар III Македонски, Олимпија живеела 60/62 години, а е убиена во 316 година.

6. Од бракот со Меда, ќерка на гетскиот кнез Котел, склучен во 342 година, не се забележани деца. Меда живеела околу 20-25 години, а починала меѓу 340-338 година.

7. Од бракот со младата Македонка Клеопатра–Евридика, претпоставена ќерка на Аминта, внука на Атал, сестра на Хипострат, склучен во 338/7 г, се родила ќерката Европа, додека изворите не се сигурни во врска со ќерката – Асианика (Асианика – кое има значење, победена Азија), исто како и за синот Каран. Клеопатра-Евридика живеела околу 17-21 години, а починала во 335 г. пр.н.е.

Можеме да сметаме на извесен начин (јасно денес неприфатлив во обликот како што тие го практикувале) дека македонските кралеви не го даваат со личен пример историскиот рецепт: преку крвното мешање меѓу народите до мир (но на денешните Грци не можеме да им го докажеме и кажеме ова, бидејќи тие ја сакаат нашата античка историја по секоја цена). Филип II од седумте жени добил само два сина. Со Олимпија Александар III и со Филина Филип III Аридеј. Престолот го зазел Александар III.

Olympia

Освојувањето на Амфиполис и поразот на Тракијците

По поразот на Илирите, политиката на Македонија стана високо агресивна. Пајонија веќе беше присилно интегрирана во Македонија под владеењето на Филип. Во 357 п.н.е. Филип го скршил договорот со Атина и го нападнал Амфиполис кој им го предаде на Грците кога дојде на власт. Градот се врати во рацете на Македонија по интензивната опсада. Потоа Филип стратешки обезбедил и поседување на рудниците за злато во близина на планината Pangaeus, кои  ќе му овозможат да ги финансира неговите идни војници.

Во 356 п.н.е. македонската војска напреднала понатаму кон исток и го завземала  градот Chalcidice, кој беше во рацете на Тракијците, кој Филип го преименува според неговото име во Филипи. Македонската источна граница со Тракија била обезбедена кај реката Nestus.

Освојување на грчките градови Потидаја, Пидна и Метон

Во истата година македонската армија го нападнала и завземала грчкиот град Potidaea во Chalcidice. Додека Атина се подготвувала да испрати сили на север, Филип го заробил и градот Пидна, друга грчка колонија на македонскиот брег, а следната година грчкиот град метон, лоциран недалеку од Пидна, која била долго време Атинска. Сите не македонски жителиу биле протерувани, градот бил урнат до темел и повторно основан и изграден како македонски град.

Освојување на Северна Грција – Тесалија

Следниот марш на Филип бил кон северниот дел на Грција. Во Тесалија тој ги победил своите непријатели и до 352 п.н.е. тој стекнал цврста контрола на оваа северно грчка област. Македонската армија напреднувала до Thermopylae која ја дели Грција на два дела, но не успеале да ја завземат, бидејќи силно била обезбедувана од заедничките здружени грчки сили Атињани и Спартанци.

Крајот на грчкото населување на македонска почва

Филип се вратил во Македонија и започнал подготовки за целосно протерување на останатите грчки колонии на македонската земја. Во 348 п.н.е. македонската армија го нападнала полуостровот Chalcidice и го поразила градот – држава Olynthus, Олинт. Исто како и Метон, Олинт и другите 31 грчки градови биле сосема демолирани и срамнети со земја, нивните грчки жители биле продавани како робови, а своите земји им ги оставале на македонските. Меѓу овие градови бил и Стагира, родното место на грчкиот филозоф Аристотел. Целиот полуостров бил присоединет кон Македонија, обележувајќи крај на грчкото населување на македонска почва.

Makedonskata ekspanzija 348 BC

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag