Комета и вонземјани и’ се доближуваат на Земјата

9 мај, 20110
burger2
Кометата Еленин откриена од руски астрономи провоцира масовна хистерија на Интернет.
Блогери и новинари шират гласини за огромни вселенски бродови, кои се кријат зад оваа комета, како и за тоа дека таа комета и таинствената планета Нибури, со нивното приближување до Земјата ќе предизвикаат глобална катастрофа, пишува бугарски “Днес“, пренесува НетПрес. Аргентинското издание на “Контексто“, соопштило дека зад кометата Еленин летаат вселенски бродови, и во октомври кога кометата треба да и’ се доближи на Земјата, ќе се случи првиот контакт со вонземски цивилизации.
Овие информации се добиени од кинески астрономи, а НАСА ги крие како најголема тајна.
Според пресметките, на 16 октомври 2011 година, кометата Еленин ќе и’ се доближи на Земјата на минимално растојание од 34,9 милиони километри (0,23 астрономски единици).
Кометата е откриена на 10 декември 2010 година на слики добиени од страна на руската автоматизирана опсерваторија во Ново Мексико- САД. Следниот ден овие податоци се потврдени од руски и украински астрономи, а еден ден подоцна добиена и потврда од американски и јапонски научници.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *