Извлечен машки труп од Вардар кај Злокуќани

9 мај, 20110
MVR
Од водите на реката Вардар во скопското село Злокуќани вчеравечер е извлечен машки труп со видливи траги од повреди нанесени со остар предмет, соопшти полицијата.
По извршениот увид, полицијата констатирала дека се работи за Реџеп Л. (42) од скопското село Шишево, кој минатиот месец бил пријавен како исчезнат.
По наредба на Истражен судија телото на починатиот е дадено на обдукција, при што е констатирано дека истиот имал задобиено повеќе повреди по телото нанесени со остар предмет.
Полицијата превзема мерки за расчистување на случајот.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi