Филипе Маса – возачот со големи падови но и победи

popara8 август, 20111min00
101027_blog_massa_100020kor

Фелипе Маса е бразилски возач на Формула 1. Тој завршил втор во генералниот пласман на светскиот шампионат во 2008-та година, возејќи за Ferrari и неговиот моментален договор со истоимениот тим трае до 2012 година. Роден е во Сао Паоло и својата автомобилска авантура ја започнал со возење на картинг на само 8 години, завршувајќи четврт во својата прва сезона. Потоа продолжил со националните и интернационалните натпревари се до 1998 година, кога се префрлил во Formula Chevrolet, завршувајќи на петото место на бразилскиот шампионат. Веќе следната сезона тој победил на 3 од 10-те трки и го освоил шампионатот.

Во 2000 година, тој се преселил во Европа за да се натпреварува во италијанската Formula Renault серија, победувајќи и на италијанскиот и на европскиот шампионат таа година. Тој наместо во Формула 3, се префрлил во Еуро Формула 3000, каде победил на 6 од 8 трки и го освоил шампионатот. Потоа му бил понуден тест во Формула 1 со тимот на Sauber, кои го земале да вози за нив во 2002 година. Исто така возеше за Alfa Romeo на европскиот Touring Car шампионат, како гостински возач.

Во неговата дебитантска година во Формула 1, Маса возел заедно со интернационалниот шампион во Формула 3000 од 1999-та година, Ник Хајдфелд. Тој се покажал како компетитивен возач иако имал неколку излетувања од патеките. Маса освоил 4 поени таа сезона и највосоко 5-то место на Големата Награда на Шпанија. Потоа бил суспендиран за трката на Големата Награда на САД и како замена се вратил предходниот возач на Sauber, Хајнц Харалд Френтцен. Sauber, за следната сезона изјавил дека Хајнц Харалд Френтцен ќе продолжи да вози за тимот, додека Маса останал без тим за 2003-та година. Sauber потоа повторно го земал Маса во тимот за 2004-та година кога освоил 12 поени од вкупните 34 на тимот во генералниот пласман. Маса останал во Sauber до крајот на 2005-та година.

Во 2006-та година Маса се приклучил на тимот на Ferrari, заедно со Михаел Шумахер. Маса имал одличен старт во Ferrari, квалификувајќи се како втор на првата трка во Бахреин и завршувајќи 5-ти со старт од 21-то место во Малезија. Тој победил на домашен терен за Големата Награда на Бразил. Сезоната ја завршил како трет со 80 освоени поени во генералниот пласман.
Во 2007-та година Маса имал одлични резултати со неколку најбрзи кругови на патеките на тренинзите. Но, ја започнал сезоната со неколку проблеми. Првично за квалификациите за Големата Награда на Австралија, имал проблем со менувачот, за што била потребна замена на моторот и според правилата стартувал за 10 места понназад. Сепак тимот на Ferrari направил добра стратегија каде Маса имал само едно влегување во боксот, и од 22-то место завршил на 6-то место. Проблемите на Маса продолжиле во Малезија каде тој ја загубил пол-позицијата и паднал на третата позиција позади McLaren-овите возачи Алонсо и Хамилтон. Маса потоа обидувајќи се да го престигне Хамилтон излетал од патеката и паднал за две места позади и завршил пети. Подоцна ситуацијата се подобрила со победи во Бахреин и Шпанија и трето место во Монако. Маса ја завршил сезоната во 2007-та година на 4-то место во генералниот пласман со освоени 94 поени.


Сезоната во 2008-та година започнала со судар на Фелипе Маса со Дејвид Култхард, поради што се повлекол од трката. Подоцна во Малезија се подобрила атмосферата, каде Маса тргнал од пол-позицијата, но подоцна ситуацијата се сменила поради распоредот со боксовите и Кими Раиконен ја превземал првата позиција. После долга борба за првата позиција Маса се извртел во 31-от круг и ја напуштил трката. За кратко време почнале шпекулации дека Маса е насторен кон грешки, но Маса по борбата со Раиконен сепак победил на Големата Награда на Бахреин. Истата година Маса имал големи падови и подигнувања. Тој освоил 6 победи и тоа во: Бахреин, Турција, Франција, Европа, Белгија и Бразил. Во генералниот пласман, Луис Хамилтон го освоил шампионатот со само 1 поен пред Фелипе Маса.

Во 2009-та, Маса го тестирал новото Ferrari F60. Таа сезона Маса, доживеал голем пад, најмногу поради проблеми со електриката на новиот болид. Покасно во сезоната Ferrari го надградил својот болид, односно имплементирал нови аеродинамични делови, со што за Големата Награда на Шпанија, Маса се квалификувал на четвртата позиција, но за време на трката се случила мала компјутерска грешка, известувајќи го дека нема доволно гориво во болидот. Маса возел полека се до крајот на трката, за на крајот да се расчисти дека всушност се работи за грешка. Таа година, на 29-ти јули, во втората рунда од квалификациите за Големата Награда на Унгарија, Маса бил удрен во шлемот од испаднат дел од суспензијата на болидот на Рубенс Баричело, по што излетал и удрил во безбедносните гуми. Маса бил повреден но надвор од животна опасност. Маса се вратил на патеките во 2009 година каде во геенералниот пласман завршил со 22 поени, на 11-тото место.

Сезоната 2010, започнала со второ место во Бахреин, позади клубскиот колега Фернандо Алонсо. На Големата Награда на Австралија, Фелипе Маса бил назначен за директор на Здружението на Возачи на Гран При. Подоцна, на Големата Награда на Германија, Маса, како лидер на трката добил наредба од тимот на Ferrari, да го пропушти клубскиот колега Алонсо, на првата позиција, заради што покасно Ferrari, доби казна од 100.000 долари, за прекршување на спортските регулативи. Сезоната за Маса завршила со освоени 144 поени, односно 6-то место во генералниот пласман. Маса го продолжил договорот со Ferrari до крајот на 2012 година.
Оваа сезона, 2011, Маса засега е на 6-то место, со 70 освоени поени. Оваа година тој го вози новиот болид на Ferrari, 150° Italia.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag